Охрид, 15. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Власта и градоначалникот Константин Георгиески покажаа кадровска неспособност, самобендисаност и злоупотреба на маката на работниците. Охриѓани се срамат од вас, порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Секогаш ќе бидеме тука кога е потребно да ве разбудиме од зимскиот сон. По нашите реакции добро е што се потсетивте дека треба да почнете да ги чистите улиците по поминати 24 часа. Веќе два дена чистите само 20 сантиметри снег. Нашите критики сфатете ги како добронамерни и во интерес на граѓаните. Тоа што сакавте да ги сведете на партиски препукувања затскривајќи ја вашата неспособност говори за вашите искрени намери. Самите сте виновни што скапите пиари ви го потрошија времето на објавување фотографии наместо повеќе да работите, а помалку да се фалите. И да, господо од власта ситуацијата на терен и фотографиите се факт, па ви бодат очи затоа што сведочат за вашето доцнење! Охриѓани културно ќе ви возврат за ваквото неодговорно и недолично однесување на претстојните локални избори, стои во дописот до медиумите. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес