февруари 16, 2021

Охрид, 16. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во месец декември лани во Охрид биле издадени пет одобренија за градба, објави од Државниот завод за статистика.

Во четири случаи како инвеститор се јавува физичко лице, а во едем правен субјект. Предвидена е градба на 68 станови со вкупна корисна површина од 4.370 м².

Во анализираниот период во Дебрца и во Струга нема издадени одобренија за градење.

На ниво на Македонија во декември се издадени 305 одобренија за градење. Предвидената вредност на објектите изнесува 3 727 211 денари. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 се наменети за објекти од високоградба, 37 за објекти од нискоградба и 87  за објекти за реконструкција. Од вкупно 305 објекти, на 192 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 113 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 372 станови, со вкупна корисна површина од 32 203 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука