февруари 16, 2021

Охрид, 16. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Неговото име е Христијан Настески, а сите веќе го знаат како Пајак, талентирано младо момче од Охрид, студент по информатика.

Неговиот најнов сингл издаден за Urban Records се вика „Срце“. Музиката и текстот се на Пајак, а за аранжманот и миксот се погрижи Иван Јованов- Iwayo.

– Песната е стара само два дена и во моментов е #1 трендинг во Македонија, вели Пајак за Супер радио и OhridPress.

Младиот trap артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака… Повеќе за него на неговите профили на Facebook и Instagram.

Пајак е карактеристичен по својот стил и специфичната боја на гласот, заедно со Urban Records работат на бројни проекти со кои ќе се обидат да стигнат до публиката. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука