февруари 17, 2021

Скопје, 17. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, при што се регистрирани 347 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 157
-Прилеп 35
-Кавадарци 26
-Охрид 19
-Куманово 14
-Штип и Неготино по 13
-Тетово 12
-Гевгелија 10
-Велес и Крушево по 6
-Битола, Гостивар и Делчево по 5
-Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница по 3
-Ресен, Валандово, и Кратово по 2
-Струмица, Кочани и Македонска Каменица по 1 лице.

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (80, 79, 69 и 61 години), по 1 пациент од Куманово (80 години), Велес (66 години) и Прилеп (61 години). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Регистрирани се 168 оздравени пациенти од:

-Скопје 110
-Куманово и Прилеп по 7
-Кавадарци 6
-Тетово и Крива Паланка по 5
-Гостивар, Велес и Неготино по 4
-Битола и Гевгелија по 3
-Штип и Радовиш по 2
-Охрид, Струмица, Свети Николе, Кратово, Демир Капија и Дојран по 1 лице.

Досега во земјата се направени вкупно 492.374 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука