Белчишта, 18. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Пред еден месец градоначалникот на Дебрца во заминување Зоран Ногачески помпезно објави дека извршил санација на балон салата „Аминта Трети“ во селото Требеништа, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца.
– За санација и за изработка на акрилна подлога на тениско игралиште потроши 175.000 денари. Но, за жал сликите покажуваат дека тие пари залудно ги потрошил, а од санација нема ни С. Затоа со преземањето на локалната власт во Дебрца од страна на ВМРО-ДПМНЕ инвестициите во спортот и спортската инфраструктура ќе се зголемат, а пред се’ ќе се изврши санација на се што е уништено бидејќи очигледно не се способни да го одржаваат она што е изградено во времето кога општина Дебрца ја водеше ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ