ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ ја започнува акцијата за собирање потписи за фер попис, во Охрид акцијата е на Градскиот плоштад

Охрид, 19. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Заедно започнуваме со собирање граѓански потписи за фер, веродостоен и европски попис, порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид од каде ги повикуваат граѓаните од утре, сабота, 20-ти февруари од 12:00 до 15:00 часот на Градскиот плоштад, согласно протоколите за COVID-19, да дадат поддршка на иницијативата за собирање потписи за укинување на Законот за попис и заеднички да го спречат политички мотивираниот попис во Македонија.

– Потребна ни е статистичка операција, исправен и точен попис на населението, а не лажиран и политички каков што сака да спроведе Владата на СДСМ. Да се потпишеме за да ги спречиме политичкиот грабеж и фалсификат на Власта, стои во повикот на партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука