февруари 19, 2021

Скопје, 19. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, при што се регистрирани 415 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 170
-Прилеп 62
-Кавадарци 32
-Велес 25
-Неготино 20
-Охрид 12
-Струмица 11
-Гевгелија 10
-Куманово, Тетово и Штип по 8
-Богданци 7
-Струга 6
-Крива Паланка 5
-Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево по 4
-Гостивар и Кичево по 3
-Битола, Делчево и Валандово по 2
-Виница, Дебар и Демир Хисар по 1

Пријавени се вкупно 19 починати лица. Пријавени се шест пациенти кои починале во тек на месеците ноември-декември, 11 пациенти од Скопје (69, 75, 80, 65, 66, 61, 67, 72, 76, 71 и 68 години), два пациенти од Тетово (79 и 65 години) и по еден пациент од Куманово (50 години), Прилеп (78 години), Велес (77 години), Охрид (87 години), Кичево (51 години) и Гевгелија (69 години). Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

Регистрирани се 244 оздравени пациенти од:

-Скопје 110
-Кавадарци 24
-Прилеп и Велес по 17
-Куманово 12
-Струмица 9
-Битола 8
-Ресен 7
-Гостивар 6
-Неготино и Берово по 5
-Тетово 4
-Штип 3
-Охрид, Кратово, Демир Капија, Виница, Радовиш и Дојран по 2
-Богданци, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Пехчево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 497.268 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука