февруари 20, 2021

Охрид, 20. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Заедно започнуваме со собирање граѓански потписи за фер, веродостоен и европски попис.

Ова е дел од пораката на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид од каде ги повикуваат граѓаните од денеска, 20-ти февруари 2021 година, во периодот од 12:00 до 15:00 часот на Градскиот плоштад, да дадат поддршка на иницијативата за собирање потписи за укинување на Законот за попис и заеднички да го спречат политички мотивираниот попис во Македонија.

– Потребна ни е статистичка операција, исправен и точен попис на населението, а не лажиран и политички каков што сака да спроведе Владата на СДСМ. Да се потпишеме за да ги спречиме политичкиот грабеж и фалсификат на Власта, стои во повикот на партијата.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид додаваат дека иницијативата ќе се одржи согласно протоколите за COVID-19. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука