февруари 20, 2021

Охрид, 20. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Бројни граѓани на Охрид денес на Градскиот плоштад ставија потпис за фер, веродостоен и европски попис.

Граѓаните излегоа да дадат поддршка на иницијативата за собирање потписи за укинување на Законот за попис и заеднички да го спречат „политички мотивираниот попис во Македонија“.

– Потребна ни е статистичка операција, исправен и точен попис на населението, а не лажиран и политички каков што сака да спроведе Владата на СДСМ. Да се потпишеме за да ги спречиме политичкиот грабеж и фалсификат на Власта, порачаа од партијата.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид потенцираат дека иницијативата се одржа согласно протоколите за COVID-19.

Собрани се 25 илјади потписи за неколку часа, во над 300 локации.

– ВМРО-ДПМНЕ и народот собра 25 илјади потписи за неколку часа, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука