COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

509 нови случаи на COVID-19, 24 новозаболени и едно починато лице од Охрид

Скопје, 23. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, при што се регистрирани 509 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

-Скопје 285
-Прилеп 37
-Кавадарци 29
-Охрид 24
-Велес 16
-Тетово 11
-Битола и Крива Паланка по 10
-Струга и Гевгелија по 9
-Куманово и Неготино по 8
-Кочани и Крушево по 7
-Гостивар и Штип по 6
-Ресен, Делчево и Берово по 4
-Пробиштип, Кратово и Богданци по 3
-Свети Николе и Валандово по 2
-Струмица и Радовиш по 1

Починати се 9 лица, 4 пациенти од Скопје (71, 66, 63 и 55 години) и по еден пациент од Охрид (67 години), Куманово (68 години), Кочани (85 години), Делчево (61 години), Демир Хисар (84 години). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 354 оздравени пациенти од:

-Скопје 198
-Куманово 20
-Прилеп 18
-Кавадарци 17
-Тетово 14
-Гевгелија 11
-Велес и Струмица по 10
-Гостивар 8
-Неготино 6
-Крива Паланка 5
-Радовиш, Берово и Дојран по 4
-Штип, Ресен и Виница по 3
-Битола, Струга, Кочани, Валандово и Кратово по 2
-Кичево, Делчево, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука