февруари 23, 2021

Струга, 23. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри февруари 2021 година, во 07:40 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во периодот од 21-ви февруари 2021 година до пријавувањето, непознат сторител со употреба на сила влегол во црквата „Св. Никола“ во „Паркот на поезијата“ во Струга и одзел пари.

– Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука