COVID-19 Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Пристигна втората пратка од 3.510 фајзерови вакцини од Србија

Скопје, 24. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На граничниот премин Табановце, пристигна втората пратка од 3.510 вакцини од „Фајзер“ како донација од соседна Србија.

Заедно со првата пратка од пред десет дена, Македонија доби вкупно 8.190 вакцини од Србија.
Овој начин на солидарност се реализира уште еднаш, изјави министерот за здравство, Венко Филипче кој ги пречека и доби вакцините од неговиот српски колега Златибор Лончар.

– Оваа количина на вакцини ќе биде доволна да се вакцинираат сите здравствени работници, кои што се во приоритетна категорија, кои работат со ковид-пациенти. Динамиката од 250 до 300 вакцинирани дневно во модуларната болница во Скопје ќе продолжи, рече Филипче.

Српскиот министер Лончар вели дека Србија досега има набавено над два милиони вакцини и дека и натаму неговата земја ќе се труди да помогне во имунизација на Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука