февруари 25, 2021

Охрид, 25. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Овој викенд започнува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига – Запад.

Прв противник на ГФК Охрид Лихнидос ќе биде екипата на Кораб од Дебар. Натпреварот е закажан за в сабота, од 14:00 часот на стадионот „Билјанини извори“.

„Рибарите“ одработија квалитетни подготовки, а во зимскиот преоден рок донесоа и пет засилувања. Прво беше официјализирана соработката со Роберт Митев, во охридското јато се вратија Стефан Петрушески и Љупчо Илијески, а нови имиња во клубот се Атдхе Мазари и Дамјан Божиновски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука