Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за охриѓанец кој изградил куќа без одобрение за градба

Охрид, 25. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишниот Б.К. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Тој, во својство на инвеститор во текот на 2020 година, на улицата „Железничка“ во Охрид, без одобрение за градба издаден од надлежен орган, изградил индивидуална станбена куќа. Од страна на овластен градежен инспектор од општина Охрид, донесено е решение, со кое на инвеститорот му се наредува да ја одстрани градбата, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука