февруари 25, 2021

Охрид, 25. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од ОО на СДСМ од Охрид излегоа со реакција на изнесеното на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Во реакцијата се вели дека ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ја дефокусира јавноста за нивните внатрепартиски проблеми да бидат затскриени и сее магла кога тоа не е потребно.

– Едно е јасно попис конечно ќе има. Но сите обиди оваа статистичка операција да биде прекината сега, нема да најдат погодно тло. Ништо ново од партијата ВМРО-ДПМНЕ кое во едно време на Груевски го почна пописот и го прекина а силни милиони отидоа во непознато. Целата македонска јавност знае дека после цели 20 години ни требаат вистински, реални информации за состојбата и потребите на нашето население, на нашиот народ. Ние за тоа да зборуваме и работиме, за попис од којшто зависи квалитетот и ефикасноста на сите понатамошни политики – економски, образовни, здравствени, културни, социјални. Не треба само да знаеме колку луѓе живеат во државата а колку надвор, која етничка припадност се, колку се млади, колку возрасни, во урбани или во рурални средини, која е образовната или социјалната структура. Пописот е важен за врз основа на сите собрани податоци да се креираат долгорочни економски политики за развој, за стопанството, за подобри услови за живот на сите наши граѓани, согласно нивните потреби, се вели во реакцијата.

Од паријата додаваат дека е срамно уште операцијата не започната да се кажува дека попишувачи ќе има само од СДСМ, како што е неточна констатцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека и условно речено пријавувањето на попишувачи сме го користеле за ново членство.

– Партиското ажурирање во СДСМ е пред крај и се спроведува по сите нишани. Над 70.000 граѓани преку ажурирањето ни даваат поддршка. Токму, најавите за собирање потписи покажуваат неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните. Затоа што потписите не го ставаат надвор од сила Законот, туку треба нов закон. А нов предлог закон може да поднесе секој пратеник во собранието. Конечно видвоме дека потписите се правно нелегални и очигледно тие ќе им послужат само да видат кои се ЗА или ПРОТИВ Мицковски и актуелната врхушка на партијата, реагираат од ОО на СДСМ од Охрид. (Крај)

извор: СДСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука