февруари 27, 2021

Скопје, 27. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, при што се регистрирани 721 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 334
-Прилеп 56
-Кавадарци 52
-Неготино 34
-Велес 26
-Охрид 24
-Битола 23
-Куманово 22
-Тетово 18
-Струмица 16
-Гевгелија 15
-Крива Паланка 14
-Гостивар 13
-Струга 10
-Богданци 9
-Кичево и Делчево по 8
-Крушево 7
-Штип 6
-Кочани и Ресен по 5
-Свети Николе 3
-Дебар, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово по 2
-Берово, Демир Хисар и Пехчево по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68 и 81 години) и по еден пациент од Тетово (49 години), Прилеп (73 години), Струмица (76 години), Кочани (72 години) и Делчево (43 години). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 171 оздравени пациенти од:

-Скопје 71
-Кавадарци 20
-Прилеп 18
-Куманово 14
-Тетово 12
-Велес 6
-Кочани 5
-Гевгелија и Битола по 4
-Штип, Струмица и Неготино по 3
-Гостивар и Кратово по 2
-Ресен, Охрид, Делчево и Валандово по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 519.985 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, бројката на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука