март 1, 2021

Охрид, 1. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми февруари 2021 година, во 13:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Песочани, општина Дебрца, патничко возило марка „Шевролет“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 78-годишниот М.М. од Струга, изгубило конртола и излетало од патот.

– Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.М.(63) од струшкото село Лабуништа и Д.Ф.(24) од Струга, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По овластување на Јавен обвинител, на местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука