Економија Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Бектеши: За првиот дел од годинава предвидени се 15 милиони денари за субвенциониран годишен одмор

Скопје, 10. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – За вработените граѓани со ниски приходи и годинава се предвидени средства за субвенциониран годишен одмор во програмите на Министерството за економија.

За разлика од лани кога за таа намена издвоивме 12 милиони евра заедно со ковид мерката за доделување ваучери за домашен туризам, годинава се одлучивме да одвоиме 15 милиони денари, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Од 2018 година почнавме со реализација на оваа програма во Министерството за економија за поттикнување на домашниот туризам, но и да им овозможиме простор и на нашите сограѓани кои имаат ниски приходи да користат годишен одмор и да ги посетат нашите туристички дестинации. Претходната година имавме над 12 милиони евра определени за оваа програма заедно со ваучерите кои ги доделивме за домашен туризам, а оваа година согласно буџетот на Министерството и претходно реализираното одлучивме да одиме со 15 милиони денари за првиот дел на годината, рече Бектеши.

До крајот на годината, посочи тој, ако се искористат сите средства ќе најдеме други можности и внатре во Министерството за економија, но и преку потенцијален ребаланс на Буџетот на државата да ги надополниме средствата доколку се реаивараат 100 процентно.

Нагласи дека лани биле реализирани околу 70 отсто од планираните средства за субвенциониран годишен одмор и за доделување ваучери за домашен туризам како ковид мерка за поддршка на туристичкиот сектор како еден од најпогодените од пандемијата. (Крај)

извор: mk.tv21.tv фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука