март 11, 2021

Охрид, 11. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот народен театар најавува нова премиера.

Се работи за претставата „Сирано“, комедија по текст на Душан Ковачевиќ, во режија на Ѓорѓи Ризевски.

Во претставата играат: Горан Стојаноски во улога на директор, Никола Тодоровски е Бели, Филип Кипровски како Ацо, Ивица Цонев – Стефан Нос, Павел Маслов во улогата на Пепи и Биљана Билаловиќ Вељаноска како актер. Претставата ќе биде одиграна согласно здравствените протоколи за заштита од COVID-19.

May be an image of 1 лице и текст кој вели „сирано режија: ризески горан стоаноски никола тодороски ивицацонев ивица филип кипровски павел маслов билана билаловик веланоска Šoκo алоски“

Премиерата на „Сирано“ е закажана за оваа сабота, 13-ти март, од 19:00 часот, во големата сала на Центарот за култура. Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба и можат да се набават со претходна резервација на 046/261-063 и 075/283-066. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука