март 11, 2021

Скопје, 11. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со поднесената кривична пријава во јавното обвинителство во Струга за д-р Асани за породувањето после кое остана без матка, бубрег и јајник, дебранката Јалдз Веаповска за „Слободен печат“ изјави дека добивала повици да се смири со докторот кој воедно е и директор на болницата во Струга каде се породила.

– Од страна на фамилијата, пријатели, роднини на д-р Асани добивам повици да се смириме. Но што да се смирувам, не сум лута, јас си ја барам правдината. Барам да кажат зошто се тргнати тие органи, со која причина, децидна е Веапоска која денеска од Институтот за патологија ги подигна парифинските калапи од извадните органи за дополнителни вештачања со кои уште еднаш ќе докаже дека биле здрави во моментот кога при породувањето со царски рез и се извадени.

Видеото со изјавата на Веаповска за „Слободен печат“ ОВДЕ. (Крај)

извор: „Слободен печат“ фото: „Слободен печат“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука