март 15, 2021

Охрид, 15. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска завршува обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата. 

Согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилата, учесниците во сообраќајот, се должни во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март покрај останатата опрема да ја поседуваат и пропишаната зимска опрема.

Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука