март 17, 2021

Скопје, 17. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од 22:00 часот на 16-ти до 05:00 часот на 17-ти март 2021 година, констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак (16-ти/17-ти март 2021 година) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 558 прекршоци.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со COVID-19. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука