Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со врнежи од дожд и температура до 6. степени

Охрид, 20. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 6. степени.

– Под влијание на влажен бран од денеска до понеделник ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Поради заладување повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30 л/м2). На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои пониски места. Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Преодно стабилизирање ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука