Скопје, 1. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од 22:00 часот на 31-ви март 2021 до 05:00 часот на 1-ви април 2021 година, констатирано е дека 21 лице не ја почитувало забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие пак (31-ви март/1-ви април 2021 година) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 611 прекршоци.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на COVID-19. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 23