Стружанец физички нападнал полицаец на должност во Охрид
април 1, 2021

Охрид/Струга, 1. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви март 2021 година, околу 15:00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, 57-годишниот Љ.П. од Струга физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи.

– Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука