Охрид, 3. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта.
На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 17. степени.
– Денес ќе има повремени врнежи од дожд, на места поројни и пообилни, локално и над 20л/м2, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Утре поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час), а дневните температури позначително ќе опаднат, особено во северните делови. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со пораст на дневните температури, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес