Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода кај Ново село, повредени три лица

Охрид, 4. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти април 2021 година, во 21:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево кај Ново село патничко моторно возило марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки управуванo од страна на 70-годишниот Н.С. од Охрид излетало од коловозот.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 58-годишната А.Т. од Охрид, а возачот и уште една сопатничка, 62-годишната Л.С. од Охрид се здобиле со телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука