април 4, 2021

Скопје, 4. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.246 тестирања, при што се регистрирани 734 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 313
-Битола 75
-Куманово 46
-Прилеп 38
-Тетово 36
-Велес 34
-Гостивар 26
-Охрид 24
-Струмица 22
-Кавадарци 19
-Штип 17
-Кочани 14
-Гевгелија и Виница по 10
-Кичево и Неготино по 9
-Ресен 8
-Берово 4
-Радовиш, Делчево и Валандово по 3
-Свети Николе, Богданци и Дојран по 2
-Струга, Крива Паланка, Дебар, Кратово и Македонски Брод по 1

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 12 од Скопје (87, 84, 81, 80, 77, 75, 74, 72, 72, 70, 70 и 61 години), 6 од Битола (88, 84, 75, 63, 63 и 59 години), 4 од Охрид (78, 75, 73 и 28 години), по 2 од Гевгелија (75 и 64 години), Куманово (73 и 60 години), Демир Капија (83 и 63 години) и Кичево (78 и 68 години) и по 1 починат од Гостивар (77 години), Кочани (79 години), Виница (72 години), Велес (67 години) и Радовиш (49 години). Сите 35 пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 621 оздравени пациенти од:

-Скопје 330
-Кавадарци 40
-Велес 37
-Тетово 29
-Штип 25
-Неготино 21
-Гостивар 19
-Битола 18
-Гевгелија по 14
-Куманово и Кочани по 13
-Демир Капија 10
-Пробиштип и Кичево по 9
-Свети Николе 8
-Берово 7
-Пехчево 6
-Ресен 4
-Богданци 3
-Прилеп и Кратово по 2
-Виница и Демир Хисар по 1

Досега во земјата се направени вкупно 641.573 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.867, бројката на оздравени пациенти е 109.297, на починати е 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука