Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на Мешеишта запалил две возила на вработени во охридската Шумска полиција

Охрид, 5. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти април 2021 година, околу 03:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 33-годишниот Н.Т. од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради сомнение дека околу 00:05 часот во селото Мешеишта, предизвикал пожар во две патнички моторни возила.

– Станува збор за возило марка „Мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на 41-годишниот З.М. од селото Лешани, општина Дебрца и возило „Санг јонг корандо”, сопственост на 48-годишниот И.Ј. од селото Требеништа, општина Дебрца, двајцата вработени во Шумската полиција во Охрид. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука