Скопје, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – За нас е неприфатлива понудата на министерот за образование за прекин на штрајкот и почнување на преговори, велат од Синдикатот за образование, наука и култура.
Според СОНК ваквата понуда на министерот за образование Абдулаќим Адеми е против Уставот и против меѓународните конвенции за правото на штрајк.
Адеми вчера за ТВ АлсатМ изјави дека тие се спремни за преговори со СОНК откако ќе прекине штрајкот.
Во СОНК велат дека бројот на штрајкувачи се зголемува и покрај силните притисоци од директорите на училиштата, од општинските власти и од Министерството за образование. (Крај)
извор: ОхридПрес/Алсат фото: архива
Прочитано: 32