Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Владата најави помош за угостителите

Скопје, 8. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – По стартот на двонеделното затворање на сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување, со цел превенција и заштита на граѓаните од COVID-19, од македонската Влада стигна најава за нови мерки за помош на овие економски оператори.

– Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет, најави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во објава на Facebook.

Министерот за економија Крешник Бектеши во синоќешното гостување на ТВ Сител информира дека ќе има директна финансиска поддршка во вид на грантови за угостителските објекто кои се затворени по препорака на Комисијата за заразни болести.

– Моделот по кој ќе бидат поддржани веќе е направен и по консултација со коморите и здуженијата за туризам и угостителство, следната недела мерките ќе бидат објавени, нагласи Бектеши.

Тој посочи дека веќе е направен моделот како ќе бидат поддржани угостителите, при што ќе се земат во предвид приходите остварени во првите три месеци годинава и согласно приходите, еден дел од нив ќе ги покрие државата во форма на директен грант за секој угостителски објект кој што е затворен.

– На почетокот на следната недела ќе бидат објавени мерките, согласно анализите и можностите во Буџетот ќе ги повикаме сите угостителски здруженија и комори ќе го утврдиме одреден процентот на финансиска поддршка, истакна Бектеши.

Министерот за економија ги повика работниците да не потпишуват бланко спогодба за напуштање од работа, а работодавачите да не ги отпуштаат работниците, бидејќи ветената поддршка од државата ќе стигне. (Крај)

извор: Тв Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука