COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Филипче: Вакцината на „Астра Зенека“ нема да се дава на лица помлади од 60 години

Скопје, 8. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцината на „Астра Зенека“ во Македонија нема да се дава на лица помлади од 60 години соопшти министерот за здравство Венко Филипче, откако вчера Европската агенција за лекови (ЕМА) остави секоја земја самостојно да одлучи за примената.

За граѓаните од оваа возрасна група што веќе се вакцинираа со прва доза во Србија, засега нема никакви мерки за претпазливост.

– Тие што веќе примија прва доза нема никави препораки за претпазливст освен ако имаат симптоми да се јават на лекар, а во однос за ревакцината, со оглед на тоа што треба да дојде за период од три месеци засега нема став, ќе ги следиме и насоките од ЕМА и од други национални агенции и ќе заземеме став во однос на ова прашање. Во однос на тоа дали за втора доза ќе се прима вакцина од друг продизводител, ќе се чекаат препораките. Доколку дојде до тоа, ќе се обезбедат потребните количини, изјави Филипче.

Во Македонија во тек е вакцинацијата со Астра Зенека на лицата постари од 77 години бидејќи кај оваа возрасна категорија граѓани не се забележани негативни ефекти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука