април 11, 2021

Охрид, 11. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти април 2021 година, во 19:50 часот, во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.

Регистрирана е физичка пресметка помеѓу Е.З.(36) и Е.З.(32), од една, и Н.Б.(22), од друга страна.

– Против нив, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор. СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука