април 14, 2021

Охрид, 14. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес умерено до значително облачно време со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на заподот од земјата.

На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 12. степени.

– Денес ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи. Денес и преку ноќта на планините особена на северозападот врнежите ќе бидат од снег. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука