Охрид, 15. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид реагираат на последниот договор со кој од градскиот буџет се издвојуваат 8 милиони денари за привремени вработувања.
– Во услови кога критиките на невладиниот сектор, ревизорите и јавноста се насочени кон нетранспарентните трошења и заобиколувањето на законите преку авторските агенции, без политичка одговорност и чувство за тежината на функцијата Градоначалник, во услови на тешка криза кога половина чаршија е затворена, луѓе се бркаат од работа и пред пропаѓање е уште една туристичка сезона… „Таткото на градот“ потпиша договор во висина од 8.000.000 (осум милиони) денари за привремени вработувања и со тоа стана татко само на своите послушни партиски војници. Со оваа тура на нетранспарентни вработувања, Општина Охрид официјално е општина со најмногу вработени и втора по задолженост во државата. Секоја чест, реагираат од партијата.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/ВМРО-ДПМНЕ