Струга, 16. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти април 2021 година околу 18:00 часот, на локален пат во струшкото село Лабуништа, патничко моторно возило „Пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот А.А. од селото Лабуништа, удрило во малолетен пешак од истото село.
– По незгодата пешакот бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 26