Охрид, 18. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот, 18-ти ден од април донесе ред облаци, ред сонце и ред дожд во убавиот Охрид.
Бројни охриѓани, но и граѓани од целата држава го искористија пријатното време и повремените сончеви периоди за прошетка покрај езерото.
Најраздвижено беше по кејот и по пешачката патека после каналот „Студенчишта“ каде сите уживаа во пријатна прошетка.
Според метеоролозите денес во Охрид ќе имаме променливо облачно време, од утринските часови со повремени врнежи од дожд, а од пладне на места нестабилно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 13. степени.
– Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Денес и особено во понеделник на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15 л/м2 за 24 часа). Во понеделник на планините врнежите повремено ќе бидат од снег. Од вторник врнежите ќе бидат од локален карактер и со помал интензитет, а времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес