Охрид, 20. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот П.С. од Штип и 41-годишниот П.Т. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
– Пријавените, во текот на ноември и декември 2020 година, додека издржувале казна затвор во Казнено поправната установа Затвор-Штип, оствариле контакт со жител од Охрид и доведувајќи го во заблуда ги обезбедиле неговите лични податоци и документи. Подоцна, со тие податоци подигнале брзи кредити од неколку финансиски друштва, а примопредавањето на парите го вршеле преку посредник. На овој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 100.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 44