Белград/Скопје, 20. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Српските државјани два месеци летово нема да плаќаат патарини низ Македонија. Ова ќе важи од 15-ти јуни до 15-ти август, соопшти денес македонскиот Министер за здравство д-р Венко Филипче.
Тој се заблагодарил за чинот на отворање на вратите за македонските граѓани за вакцинирање во српските центри.
Направен е и договор Институтот „Торлак“ да биде стратешки партнер на Македонија, за набавката на вакцините.
– Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград ќе биде местото каде ние за секоја понатамошна нарачка на вакцини може да се обратиме и согласно капацитетот можеме да сметаме дека ќе има доволно количини и за нашите граѓани, изјави Филипче по посетата на Институтот.
Овој нститут, нагласи министерот, е познат по својата експертиза и искуство и постои приближно 100 години. (Крај)
извор: мкд.мк фото: архива