април 21, 2021

Охрид, 21. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Се намалува бројот на хоспитализации со COVID-19 во охридската Општа болница.

Моментално болнички се лекуваат 90 пациенти, најмладиот е на 46 години и во тешка состојба, а најстариот има 85 години. Сепак неоходно е граѓаните да бидат внимателни и да се почитуваат мерките, вели за Супер радио и OhridPress директорот д-р Горан Балески.

– Покрај во модуларната болница, пациенти имаме и на интерното и нервното одделение. И натаму е голема потрошувачката на кислород, до 150 боци на ден. За среќа се намалува притисокот врз болничките капацитети, но од друга страна пак никогаш не сме паднале под 50 хоспитализирани, персоналот е изморен и психички и физички, потенцира д-р Балески.

Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 105 пациенти

Тој додава дека отворањето на модуларната болница со капацитет за прием на 51 пациент врши многу голема работа. Таму во тек е поставувањето на инфраструктурата за централниот довод на кислород, се поставуваат станици и подстаници, но во моментов проблем е што изведувачот бара да се испразни одделот, а тоа не може да се направи во овие околности.

Моментално во Охрид има 870 активни случаи. Од почетокот на пандемијата евидентирани се 4.735 заразени со COVID-19, оздравени се 3.676 лица, а битката со вирусот ја загубија 189 пациенти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука