Охрид, 24. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти април 2021 година, во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 57-годишниот Н.Т. од Охрид.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со хашишово масло, пиштол марка „VZOR 50“ калибар 7,65 мм, неколку куршуми калибар 7,65 мм и една празна рамка за пиштолот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени пријави по член 215 и член 396 од Кривичниот законик, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 36