Струга, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Со одлука на последната Седница на Советот на општина Струга, беше изгласан предлогот, сите транспортни компании кои работат во областа на транспорт на патници во рамките на општината да ги намалат цените на билетите до 10 денари.
Шефкет Биба, од сообраќајниот сектор во Општина Струга, рече дека оваа одлука е резултат на пониските цени на горивото и заштита на интересите на потрошувачите, во овој случај патниците кои го користат јавниот транспорт во Струга и околина.
Сите превозници треба да ја спроведат оваа одлука на Советот на Општина Струга, бидејќи во спротивно општината ќе преземи соодветни мерки преку кои ќе се олесни спроведувањето на оваа одлука. (Крај)
извор: ОхридПрес/Спектра фото: архива
Прочитано: 30