Струга, 25. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Струга е поставена една од најмодерните автоматски хидрометеоролошки станици на Балканот за мерење на нивото на котата на Охридското Езеро, објави првиот човек на подржуницата на ХЕЦ „Црн Дрим“ од Струга Сашо Коркут.
– Котата на Охридското Езеро преставува еден од основните параметри за бaлансирање на производството на ХЕЦ „Глобочица“ и ХЕЦ „Шпилје“. Со цел осовроменување на овој процес инсталирана е автоматска хидрометеоролошка станица за мерење на нивото на котата на Охридското Езеро, а се мерат уште 30 директни и 15 индиректни метролошки параматри (количина на врнежи, снег, температура на водата, темпрература на воздухот, испарување, ветар и друго), потребни за хидролошки анализи. Станицата е од германскиот производител ОТТ и преставува најсовремен тип на хидрометролошка станица, единствена, не само во Македонија туку и во целиот Балкан. Мерењето на параметрите е на радарски принцип, објави Коркут.
Заради транспарентност и во интерес на граѓаните, поставени се две информативни табли (дисплеи) за приказ на нивото на водата во Охридското Езеро, температура на водата во езерото и температура на воздухот.
– Овие табли се поставени на Управната зграда на ХЕЦ „Црн Дрим“ во Струга и зградата од Министерството за одбрана во близина на истеткот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро. Ажурирањето на податоците е автоматски од мерењата на хидрометролошката станица на секои 15 минути, потенцира Коркут. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива