Охрид, 25. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Гете Институт Скопје и оваа учебна година стипендираше наставници кои предаваат германски јазик во основно образование.
Програмата „DLL“ (Учење да се предава германски јазик) нуди можност за развој на наставниот процес по предметот германски јазик со што наставниците имаа можност да се запознаат и да применат современи наставни методи како во настсва со физичко присуство, така и во online настава, која денес се практикува во повеќето училишта поради новонастанатата ситуација со пандемијата поради коронавирусот.
Оваа година стипендии беа доделени на две училишта и тоа ОУ „Григор Прличев“ во Охрид и ООУ „Дебрца“ – Дебрца. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33