ЕКОЛОГИЈА Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Државниот инспекторат за животна средина спроведе надзор по палењето трски во Струга, сторителот ќе заработи пријава

Скопје/Струга, 27. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Веднаш по третото палење на трски годинава, Државниот инспекторат за животна средина и инспектори од Одделението за внатрешни работи од Струга извршија надзор на опожареното земјиште на потегот од плажите „Версус“, „Аквариус“ и ресторанот „Аполонија“, во насока кон селото Калишта.

– Опожарени се трски и вегетација во појас ограничен со пешачката патека и брегот на Охридското Езеро, со должина од околу 450 метри и ширина од околу 50 метри. Овој настан се случи и покрај предупредувањата до сопствениците на земјиште што граничи со пешачката патека – дека ќе бидат казнети доколку палат трска на државно земјиште. По надзорот инспекторите на Одделението за внатрешни работи ќе спроведат истрага до откривање на сторителот, против кого ќе се поднесе кривична пријава, информираат од Државниот инспекторат за животна средина. (Крај)

извор: ДИЖС фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука