Охрид, 29. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вчерашната седница на Советот покажа уште една јавна сервилност на Георгиески кога е во прашање ДУИ, односно негова лична заложба како точките од интерес на ДУИ да бидат изгласани, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– За да опстои коалицијата со Усеини, Градоначалникот одобри нови 17 вработувања во ЈП „Нискоградба“ кое го раководи кадар на ДУИ, кои вработувања граѓаните ќе ги чинат близу 5 милиони денари годишно, а во исто време го повлече планот за вработување на ЈП „Билјанини извори“ кој предвидуваше 4 нови вработувања. Преголема е цената која Георгиески ја плаќа само да опстои коалицијата од интерес помеѓу него и Усеини. Се поставува прашањето: Зошто Георгиески не го стори истото и не побара да се изгласа точката за паркирање, туку бараше начин со неговиот недемократски однос и одбивањето на точката за работењето на ЈП „Водовод“ предложена од опозицијата, за истата да ја примора да ја напушти седницата?
Георгиески да одговори: Дали има забрана од коалицијата таа точка да биде изгласана? Доколку нема, го повикуваме да престане со неговите добро познати дворски игри и веднаш да побара седница на која ќе му помогнеме точката за паркирање да биде изгласана, реагираат од партијата, (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес