Избор Македонија Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Донев: Наместо комплетна санација на колекторскиот систем во Охридско-Струшкиот регион, охриѓани добија двојно поголеми сметки за колектор

Скопје/Охрид, 29. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Пред 5 години СДСМ и Зоран Заев помпезно најавија и ветија комплетна санација на колекторскиот систем во Охридско-Струшкиот регион, но наместо ветеното, граѓаните единствено добија двојно поголеми сметки за колектор, порача на денешната прес конференција Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Граѓаните во 2017 година плаќаа 10.2 денари за колектор на секој потрошен метар кубен вода. Денес со новите сметки по вторпат се зголемува надоместокот за колектор на 21.4 денари за секој потрошен метар кубен вода, што значи дека во 4 години власт на СДСМ цената на надоместокот за колектор е зголемена за повеќе од двојно. Во услови на тешка економска криза и пред уште една промашена туристичка сезона, кога процентот на невработеност во Охрид расте, се удира по џебот на граѓаните и цената на колекторот е двојно зголемена. Ништо од ветувањата дека една од препораките на УНЕСКО за реконструкција на колекторскиот систем ќе заврши во најскоро време, доказ за тоа е вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина кој утврди дека колекторот е нефункционален и дека се излеваат фекалии во Охридското Езеро, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука