ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Започна продолжениот Велигденски викенд, Охрид солидно исполнет со гости (Фото)

Охрид, 30. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот празничен – Велигденски викенд го исполна Охрид со гости, за што придонесе и убавото сончево време.

Денес по чаршијата, на прошетка покрај езерото, но и во кафе баровите и рестораните можеа да се сретнат многу гости, претежно домашни, но се забележуваат и посетители од Србија, Црна Гора и Бугарија.

No description available.

Сите угостителски објекти од пред два дена започнаа со работа само во отворените делови, односно на терасите до 20:30 часот после што ќе бидат затворени за посетители, одлучи Владата на последната седница. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта од 12-ти кон 13-ти мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

No description available.

Метеоролозите најавуваат сончев и топол празничен викенд. Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени.

– До понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значително повисоки температури кои на места ќе бидат и над 30 степени. Утре од крајот на денот и преку ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука