мај 12, 2021

Охрид, 12. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нема сфера од општественото живеење каде што Власта и градоначалникот Георгиески не ја докажаа својата неспособност, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.May be an image of tree, grass, nature and sky

– Актуелната локална власт воопшто не води грижа за СРЦ „Билјанини извори“. Сликата којашто деновиве се гледа докажува тотална запуштеност од ЈП „Билјанини Извори“ за спортскиот центар кој е обраснат со трева и тотално несреден. Власта на СДСМ не може ни да го зачува тоа што е направено од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а не пак да изгради нови спортски игралишта и терени по светски стандарди. Директорката на ЈП „Билјанини извори“ под итно да го реши овој проблем и да им овозможи на граѓаните безбедна рекреација.
Власта во заминување да покаже поголема грижа и барем на крајот од својот мандат нека сработи нешто во интерес на охриѓани, стои во дописот од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука