Дебрца, 14. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Општина Дебрца го објави јавниот повик за пријавување на материјални штети на овошните насади предизвикани од атмосферската непогода – доцни пролетни мразеви што ја зафати територијата на општината на 15-ти и 16-ти април, информираат од општината.
Пријавите се поднесуваат до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца. Барањето за пријавување на штета на земјоделските насади може да се преземе на од веб страната на www.debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.
Покрај барањето секој барател треба да достави копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, копија од трансакциска сметка, доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копија од имотен лист; копие од договор за закуп.
Пријавувањето на штетите може да се изврши најдоцна до 26-ти мај. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива